Наполи се приближува кон привлекувањето на ѕвездата на ПСВ Ајндховен Ирвинг Лозано. Италијанскиот клуб веќе преговараше околу сумата на трансфер од околу 42 милиони евра. Останува двете страни да се договорат за имиџ правата на играчот.
Според италијанските медиуми, денес претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, ќе се сретне со агентот на фудбалерот Мино Рајола, за да разговараат околу личните услови на Лозано, но тие веројатно нема да бидат проблем. Предлогот се очекува да биде за 5-годишен договор, според кој мексиканскиот репрезентативец ќе добие 3,5 милиони евра по сезона.
Лозано цело време беше опција на Наполи, но клубот се обиде да ги купи Хамес Родригез и Мауро Икарди, но не успеа, па затоа го обнови интересот за Мексиканецот.