Ветеранот Фернандо Љоренте постигна договор со Наполи и ќе потпише со клубот како слободен агент, ова го потврдија медиумите во Италија.
Договорот на Шпанецот ќе биде за две сезони и плата од 2,5 милиони евра. Екипата на Наполи посакуваше да го земе Мауро Икарди, но тој упорно одбива да им се придружи и сè уште е во Интер.
34-годишниот Љоренте има две титули во Серија А со Јувентус помеѓу 2013 и 2015 година, постигнувајќи 27 гола во овој период.