„Кориере дело спорт“ објави дека преговорите меѓу Наполи и фудбалерот, Хвица Кварацелија за обновување на договорот се ставени во мирување.
Двете страни требаше да седнат на преговарачка маса но, засега тоа е одложено. 22-годишниот Грузиец постигна 14 голови и даде 17 асистенции на 43 мечеви во претходната сезона кога неговиот тим ја освои Серија А.
Грузиецот моментално добива само 1,4 милиони евра по сезона со надеж дека ќе се договори за зголемување на платата до 5 милиони.