Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лорентис, изјави дека одбил да го продаде Жоржињо во Манчестер Сити и покрај гласините за веќе договорен трансфер на играчот.
„Неодамна ја одбив последната понуда на Манчестер Сити, со вкупна понуда од 50 милиони евра, вчера го договоривме трансферот на Симоне Верди”, изјави Де Лаурентис за „Кориере Дело Спорт“, доколку Марек Хамшик сака да замине во Кина ние нема да му правиме проблем.
Жоржоњо дојде во Наполи во 2014 година од Верона. Минатата сезона, тој играше 42 натпревари од сите натпреварувања, постигна 4 гола и 4 асистенции.