Претседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис потврди за понудата од страна на Манчестер Јунајтед за дефанзивецот Калиду Кулибали.
Ова се случило пред разрешувањето на менаџер на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо. Предлогот за трансфер на 27-годишниот дефанзивец бил со вредност од 95 милиони фунти.
Плановите за евентуално привлекување на Кулибали најверојатно се промениле по разделбата на 20-кратниот шампион на Англија со Мурињо.
Де Лаурентис е убеден дека репрезентативецот на Сенегал вреди за поголема сума.
„Мурињо го сакаше и ние отфрливме понуда за 95 милиони евра. Сега е невозможно тој да го напушти Наполи”, коментира за локалните медиуми претседателот на клубот од Неапол.
Во септември, Кулибали потпиша нов долгорочен договор со Наполи, што секако ја зголемува неговата цена.