Италијанскиот тим Наполи и официјално го промовираше десното крило Симоне Верди за свој нов играч. Верди потпиша петгодишен договор со италијанскиот вицешампион Наполи.
25-годишниот напаѓачки играч од средниот ред постигна 10 гола и 10 асистенции минатата сезона во Серија „А“ со тимот на Болоња и го привлече вниманието на водечките тимови од Италија.
Верди потекнува од младинската школа на Милан, а потоа има играно за Торино, Јуве Стабија, Емполи, Еибар, Карпи и Болоња.