Фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс, кој се повреди на вчерашното дерби со Интер, ќе мора да паузира подолг период, објави денеска калчо-лигашот.
Офанзивниот играч за врска има проблеми со лигаментите на левиот зглоб. Тој по три недели ќе мора да оди на нови прегледи.
Тоа значи дека Мертенс ќе се врати на фудбалските терени во 2021година. Фудбалерот на Наполи ќе мора да ги пропушти натпреварите со Лацио, Торино, Калјари и Специја.
