Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, може да го напушти составот на Наполи само доколку пристигне понуда вредна 40 милиони евра.
Медиумите на „Чизмата“ тврдат дека првиот човек на Наполитанците бара фиксна сума за потписот на луцидниот играч иако пред неколку денови шампионот Милан испратил понуда од 35 милиони.
Елмас кој има тековен договор до јуни во 2025 година, во претходната сезона одигра 45 мечеви во сите конкуренции со ефект од седум голови и пет асистенции.

