Тимот на Наполи со нетрпение ја очекува информацијата за состојбата на романскиот дефанзивец Влад Кирикеш.
Дефанзивецот учествуваше со средбата на репрезентативниот тим на Романија против Црна Гора од Лигата на нациите, но го напушти теренот принудно во 31-та минута со сомнежи за искинати вкрстени лигаменти, објави „Скај Италија“.
Првичните медицински тестови ја потврдиле тешката повреда на дефанзивецот, но Кирикеш ќе се подложи на втор преглед во Италија, од кој ќе стане јасно каква е неговата состојба. Ако се потврди тешката повреда, тогаш Кирикеш ќе мора да оди на операција и ќе отсуствува од терените најмалку 6 месеци.