Италијанскиот фудбалски состав Наполи останува крајно активен на трансфер пазарот. Досега е обезбеден голманот на Челзи, Кепа Аризабалага, кој пристигнува како позајмен за една сезона.
Потоа, младиот играч на Сасуоло, Џакомо Распадори, кој ќе добие договор за пет години и плата од 2,5 милиони евра.
Третиот играч кој е на мета на „наполитанците“ е Доминик Собозлаи, од Лајпциг. Неговата трансферна сума е околу 30 милиони евра.

