Бидејќи голгетерот на Наполи, Аркадиуш Милик ќе си замине од италијанскиот состав во текот на летово, челниците на тимот ќе се обидат да му пронајдат соодветна замена.
Медиумите од „Чизмата“ обајвија дека трансферна цел на калчо-лигашот е голгетерот на Лил, Виктор Осимен. 21-годишниот Нигериец имаше фантастична сезона во Франција со 38 мечеви, 18 голови и 6 асистенции.
За црномурестиот фудбалски напаѓач се заинтересирани и екипите на Челзи и на Манчестер Јунајтед.