Наполи ризикува да го загуби дефанзивецот, Калиду Кулибали по наглото паѓање на формата и состојбата во клубот.
Сенегалецот беше на списокот на желби кај Манчестер Јунајтед, англискиот клуб подготвуваше рекордна понуда од 100 милиони евра пред да го донесе Хари Мегуаер. Оваа сезона Наполи не ја покажува најдобрата игра, екипата има недоразбирање со навивачите и раководството, па некои играчи морале да ангажираат телохранители за да се заштитат себе си и своите семејства.
Според одредени информации, Наполи може да биде под притисок да му дозволи на Кулибали да замине за многу помала сума од 70 милиони евра. Ова е значително помалку од предлозите што раководството на клубот претходно ги одби.
Поради недостаток на финансиски ресурси, сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис изјави дека може да го продаде дефанзивецот Кулибали, иако му се допаѓаше неговата игра.

