Италијанскиот тим Наполи ги продолжува преговорите за трансфер на иранскиот напаѓач од Зенит Санкт Петербург, Сердар Азмун и нуди за него 25 милиони евра, вели „Газета дело Спорт“.
Според истиот извор, рускиот клуб го проценува играчот на 30 милиони евра, но Италијанците се уверени дека ќе можат да го завршат трансферот. Наполи сака со Азмун да го замени полскиот напаѓач Аркадиуш Милик, кој е интересен за неколку клубови.
Азмун се пресели во Зенит во февруари 2019 година од Рубин Казан. Сумата за трансферот беше 12 милиони евра. Оваа сезона, 25-годишниот напаѓач учествуваше на 21 натпревар од руската Премиер лига (19 во првиот тим), во кој стана автор на 10 гола и шест асистенции.