Раководството на Наполи сериозно размислува за нова тренерска смена, тврди новинарот Матео Морето. Според информациите, наолитанците би можеле да се разделат со актуелниот тренер Валтер Мацари пред осминафиналето во Лигата на шампионите против Барселона.
Наполи е во сериозни проблеми, а вчера направи уште еден „кикс“ во Серија А, ремизирајќи 1-1 на домашен терен против Џенова и тоа со гол во 91. минута. Тимот ја брани титулата од минатата сезона, но годинава е многу далеку од пласман во Европа, откако оментално го зазема 9-то место со 36 бодови.