Наполи го привлече Кевин Малкуит од Лил. Двата клуба не ја објавија трансферната сума за правата на фудбалерот, но минатата недела претседателот на Италијанците Аурелио Де Лаурентис изјави дека ќе плати 12 милиони евра и бонуси со кои сумата ќе се зголеми до 13 милиони евра.
Малкуит ја започна својата кариера во Монако, но го изгради своето име во Ст. Етијен. Минатата година тој беше привлечен од Лил, а за неговите услуги исто така беше заинтересиран англискиот Саутемптон.
Џенова исто така го привлече дефанзивецот Лисандро Лопез од Бенфика. Тој ја помина вториот дел од минатата сезона на позајмица во Интер, кој сепак не сакаше да ја искористи клаузулата за откупување на правата на 28-годишниот дефанзивец.