Наполи ја даде првата понуда за дефанзивецот на Челзи, Емерсон Палмиери, тврди „Газета дело Спорт“. Новиот тренер на наполитанците Лучијано Спалети повторно сака да работи со италијанскиот репрезентативец. Тренерот веќе разговарал со него и го убедил да се приклучи на неговиот проект.
Понудата на Наполи за поранешниот дефанзивец на Рома е помеѓу 8 и 10 милиони евра. 26-годишниот фудбалер има договор со Челзи до јуни 2022 година, но лондончани имаат опција да го продолжат договорот за уште една година.