Наполи ја испратил првата понуда до ПСВ Ајндховен за напаѓач Ирвинг Лаозано.
Според веб-страницата на новинарот, Џанлука Ди Марцио, тимот од Неапол понудил 50 милиони евра за 23-годишниот Мексиканец. На самиот играч му се нуди плата од 4,5 милиони евра, за што е задоволен.
Минатата сезона Лозано играше 40 натпревари во сите натпреварувања, постигна 21 гол и направи 12 асистенции. Тој е исто така поврзан со Манчестер Јунајтед и Барселона.