Наполи забрзано работи на доведување замена за повредениот Лукаку. Последно име кое се појави во јавноста е она на напаѓачот на Рома, Артем Довбик.
„Наполитанците“ го гледаат 28-годишниот Украинец како замена за повредениот Лукаку, кој би можел да отсуствува повеќе од три месеци.
Наполи, исто така, наводно разгледува можности за ангажирање на Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед, но и најдобриот стрелец во Белгија за минатата сезона, Толу Арокодаре од Генк.

