Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо би можел да ја продолжи кариерата во Наполи.
Според веб-страницата на новинарот Алфредо Педула, наполитанскиот клуб веќе им понудил на „црвените ѓаволи“ 40 милиони евра плус 5 милиони евра бонуси за играчот. Од манчестер Јунајтед во моментов сакаат да заработат околу 70 милиони евра, но цената може да се намали.
Оваа сезона Гарначо учествуваше на 29 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна осум гола и четири асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2028 година, а неговата вредност се проценува на 50 милиони евра.

