Италијанскиот состав Наполи има намера да го купи играчот за врска на Пари Сен Жермен Адриен Рабиот и полу-дефанзивецот на Бетис, Фабијан Руиз Пена.
Италијанците упатиле понуда до ПСЖ за Рабиот во вредност од 29 милиони евра со можност сумата да се зголеми за три милиони кои ќе бидат исплатени како бонуси. Францускиот фудбалер сака да го напушти „Паркот на принцовите“ и да работи со Карло Анчелоти во Неапол, тврди „CalcioNapoli24“.
Со Фабијан Руиз Пена работите стојат поинаку бидејќи за неговите услуги се заинтересирани и екипите на Атлетико Мадрид и Рома. 22-годишниот Шпанец има договор со Бетис до 2023-та а неговата откупна клаузула е 35 милиони евра, соопшти „Corriere dello Sport“.