Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте, вели дека е задоволен од победата против Торино. Освоените три бода и поразот на Интер, го ставија неговиот тим на пол-позицијата во трката за титулата во Серија А.
„Сега остануваат уште четири чекори. Го направивме првиот но, мора да бидеме внимателни бидејќи нè очекуваат тешки натпревари со тимови како Лече и Удинезе“ – вели Конте.
„Публиката исто така помогна. Навивачите беа инспирирани и тоа се пренесе кај фудбалерите“ – рече тренерот на Наполи.

