Македонската фудбалска репрезентација по големата победа на теренот на Германија очекувано направи скок од три позиции на новата ранг листата на ФИФА.
Ние сме сега на 62-то место со 1.374,73 рејтинг поени. Доколку не беше несреќниот пораз од Романија, веројатно ќе одевме уште понапред. Од противниците на Евро 2021, Холандија е на 16-то место Австрија е на 23-то место, додека Украина е 24-то место.
На врвот на листата е Белгија пред Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Аргентина, Уругвај и Данска.