Македонската фудбалска репрезентација по двата воведни меча во квалифиакциите за Евро-шампионатот, победа со Летонија и реми со Словенија, се проби на 68 место на најновото рангирање на Светската фудбалска федерација – ФИФА.
Нашата селекција сега има 1350 бодови или седум повеќе во однос на претходното рангирање. Од нашата квалификациска група за пласман на Европското првенство во 2020-та, Израел напредуваше осум позиции и сега се наоѓа на 84 место, Австрија се спушти за 11 позиции и сега се наоѓа на 34 место, Полска е во Топ 20, Словенија е 63-та додека Летонија го има 134 место на ФИФА рангирањето. .
Што се однесува до првите три позиции, Белгија е лидер пред светскиот првак Франција и селекцијата на Бразил.