Во последниот ден од европскиот трансфер период, француски Монако оствари добар трансфер, откако објави дека и официјално го доби белгискиот репрезентативец Насер Чадли. Белгијанецот доаѓа во кнежевството од екипата на Вест Бромвич за сума од 13 милиони евра, а договорот со новиот тим е за период од три години.
„Монако е силен тим и јас сум среќен што ќе играм тука. Ќе направам сé да помогнам да ги исполниме целите во сезоната“, изјави Чадли.
Напаѓачот беше дел и од репрезентацијата на Белгија која настапи на годинешното светско првенство во Русија.