Во Даблин, Ирска, по четврти пат беше организирана специјална Гала вечер од страна на Европската Триатлон Унија на која на Македонската федерација доби посебна награда за целокупната работа а посебно за одлично организираното Балканското првенство во триатлон во Охрид во 2018 година.
На МТФ и беше доделена наградата за – „Најистакната национална федерација за 2018 година“. Истата ја прими Иван Михајловски, претседател на МТФ, кој порача дека ќе се продолжи со истото темпо и дека федерацијата максимално се подготвува за годинешниов Европскиот јуниорски триатлон куп.