Македонската фудбалска експедиција е во Грузија. Таму утре против домаќинот ќе го одиграме вториот меч во новото издание на Лигата на Нации. Селекторот, Игор Ангеловски, вели дека го респектира противникот.
„Грузија е во добра форма. Имаа добри резултати исто како и ние во Лигата на нации и квалификациите. Ги респектирам затоа што подолг периот имаат добра атмосфера, резултати. Во фудбалот најзначајно е да се победува а тоа ние го направивме со Ерменија. Формата не е на посакуваното ниво.Утре нека победи подобриот“ – изјави Англовски.
„За разлика од Скопје, тука имаме добар терен за игра. Дојдовме по трите бода, сакам да ги освоиме. Секогаш треба да се даде максимумот и само така може да се стигне до посакуван резултат“ – истакна Горан Пандев.
