Македонија го продолжи патот кон Мундијалот во Катар 2022 откако ја совлада селекцијата на Исланд со 3 спрема 1 во последното квалификациско коло во групата „Ј“.
На крајот со 18 бодови успеавме да го освоиме второто место пред Романија а веднаш зад главниот фаворит Германија и да останеме на курсот кон големиот фудбалски настан. На арената во Скопје два гола з постигна Елмас а еден Алиоски додека за „рибарите“ погоди Тортеистон. Сега не чекаат уште два меча во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Ждрепката за тие дуели ќе се одржи на 26. ноември.
Во другите два меча во групата, Германија славеше кај Eрменија со 4:1 додека Романија го победи Лихтенштајн како гостин со 2:0.

