УЕФА направи промени и подготви нов формат во квалификациите за Лигата на шампионите и Лигата на Европа поради пандемијата на коронавирусот.
Денес донесе големи промени во начинот на одигрувањето и календарот на одигрување на сите натпревари. Актуелната сезона во Лигата на шампионите и Лига Европа не е завршена, а мора да се прави новиот календар. Со оглед целата ситуацијата календарот ќе биде згуснат и затоа квалификациите за следната сезона ќе има промени на форматот.
Најновите информации велат дека во првите три кола од квалификациите за Лигата на шампионите и Лига Европа ќе се игра по еден натпревар, наместо два (дома-гости) што беше случај во претходно. Два натпревари ќе има само во плеј-офот, односно во последниот филтер пред влез вогрупите.
Датумите на квалификациите на Лигата на шампионите и Лига Европа се очекува да бидат 18 август (прво коло), 25 август (второ коло), 16 септември (трето коло) и 23 и 30 септември (плеј-оф). Домаќините на мечевите ќе се одлучат според ждрепка.
Ова значи дека сите наши претставници во квалификациите за ЛШ и ЛЕ ќе играат само по еден натпревар и тоа во месец август. ФФМ има рок до 30 јуни да објави кои екипи ќе ја преставуваат нашата земја во овие квалификации.