Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Настапот на Македонија на СП во ракомет низ бројќи по четири одиграни натпревари
    Фудбал

    Настапот на Македонија на СП во ракомет низ бројќи по четири одиграни натпревари

    risteBy riste22/01/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометна репрезентација по одиграниот натпревар со Австрија денес има слободен ден кој ќе биде искористен за анализа на вчерашниот натпревар и подготовка за утрешниот против Катар.

    По 4 одиграни натпревари на ова СП, 3 во првата фаза и 1 во главната фаза еве како изгледа настапот на нашата репрезентација низ бројки.

    Македонија го има вториот најдобар стрелец во досегашниот дел од СП, капитенот Филип Кузмановски кој има постигнато 35 гола од 48 упатени удари или процент на реализација од 78%. Шест од овие голови ги постигна од 7 метри од 10 обиди, секако најмногу ќе го памети оној од мечот со Австрија кога не постигна гол, за потоа со „бомба“ од 14 метри го изедначи резултатот. Нашата репрезентација на 4 одиграни средби постигна 117 гола (29.2 по натпревар), а прими 113 (28.25 по натпревар). Македонија е на 9.место според процентот на реализирани удари, односно од 176 упатени удари кон противничкиот гол, 117 беа прецизни или 66,4 %.

    Од овие 117 постигнати голови, 17 се од крилните позиции односно од упатени 28 удари, 17 завршиле во мрежата на противникот што е 60,7%. За македонија досега има досудено 17 удари од 7 метри, а нашите ракометари реализирале 12, што е 70,5%. Нашите кружни напаѓачи досега постигнаа 23 гола од 32 обиди (71,8% реализација, додека најмногу голови постигнаа бековите, вкупно 29, но имаат и најмногу удари, 51 што значи дека процентот на реализација е 56,8 %.  Македонските репрезентативци досега имале само шест контранапади од кои пет ги реализирале (83,3%).

    Штос е однесува до учинокот на нашите голмани на изминатите четири натпревари, Марко Кизиќ од 60 упатени удари кон неговиот гол, одбрани 21 што е 35% успешност во одбрани, додека Никола Митревски има повеќе одбрани (23), но и повеќе упатени удари кон неговиот гол (93) што е 25% процент на одбрани.

    Се надеваме дека на следните два натпревари нашите ракометари ќе ги подобрат  овие бројќи секако доколку одиграат на досегашното ниво и успеат да ги израдуваат  навивачите кои им ја даваат поддршката.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.