На стадионот „Вила Парк“ во Бирмингем се одигра натпреварот од 30. коло на англиската Премиер лига меѓу Астон Вила и Фулам.
Домашаната екипа славеше со 3:1 со пресврт кој го направија во финишот од натпреварот, но овој меч е посебен по нешто сосема друго.
Овој натпревар е првиот во историјата на Премиер лигата во кој сите играчи во почетни состави на двата тима беа родени по првиот натпревар одигран во англиската Премиер лига, кој се одржа на 15 август 1992 година.
До 1992 година, најдобрата лига на англискиот фудбал беше наречена Прва дивизија, а потоа беше формирана сегашната Премиер лига.
Оваа средба одиграна денес ќе влезе во историјата на лигата со овој посебе и некојдневен податок.

