Средбата од 2. коло од групната фаза на Светското првенство меѓу Англија и САД на американскиот телевизиски канал „FOX“ ја следеле 15.377.000 луѓе. Тоа е најгледаниот фудбалски натпревар во историјата на американската телевизија.
Ова го објави „FOX Sports“ на Твитер. Претходниот рекорд го држеше финалниот натпревар на Светското првенство во 1994 година помеѓу Италија и Бразил (14.510.000 луѓе), кој се одржа во Америка.
Тимот на САД учествува на Светското првенство 11 пати во историјата. Највисокото достигнување на тимот е четврт-финалето, до кое стигнаа на турнирот во 2002 година.
На два меча во Катар, САД одиграа две нерешени со Велс и Англија. Во последното коло Американците ќе играат со Иран.