Вчера во Белград се одржа силен меѓународен турнир во ММА на кој за прв пат учествуваа 186 натпреварувачи од 5 земји а нашиот тим „Д СТРОНГЕСТ“ предводен од тренерите, Ивица Алексовски и Стефан Пецевски, го направи до сега најголемиот успех во овој брзо-растечки спорт. Во сите 8 борби, нашите репрезентативци доминираа и освоија 8 победи, 100% успех!!!
Лука Стојановски имаше 3 борби во еден ден, сите ги доби и со доминација освои златен медал. Марко Трајановски доминираше во две борби и освои златен медал. На вечерашниот гала евент кој се одржа на отворено на Калемегдан а АРЕНА ФАЈТ ТВ го пренесуваше, имавме двајца представници, Дарко Димитриев и Даниела Алексовска. Дарко доминираше во сите 3 рунди и го освои златниот медал. Најголем успех постигна нашиот најголем талент, Даниела Алексовска, откако на 18 години се бореше во сениорска конкуренција и во една категорија погоре со потешки противници. Во полуфиналето имаше тотална доминација и со зафат во втората рунда ја совлада најперспективната српска мма фајтерка од Ахилеј а во финалната борба беше многу подобра против една од најквалитетните српски фајтерки и со зафат на ногата во првата рунда го освои златниот медал.
Даниела беше прогласена за НАЈДОБАР БОРЕЦ на турнирот каде што од страна на Претседателот на Српскиот ММА Сојуз, Лука Николич и беше доделен пехар. Се на се, нашите мма фајтери се прикажаа во вистинско светло и на достоен начин ја промовираа македонската мма сцена и нашата држава.

