Интернационалецот од Костарика на голот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, вели дека не се грижи за неговата иднина на „Сантијаго Бернабе“ иако во континуитет се појавуваат гласини дека „кралевите“ ќе купат нов фудбалер на неговата позиција.
Според извори блиски до шпанскиот тим, челниците на Реал планираат да го ангажираат, Тибо Куртоа од Челзи, кој според многумина е еден од најдобрите чувари на мрежата.Тоа сепак не влијае на мотивацијата на Навас кој од денеска му се приклучи на тимот на подоготвките во САД.
„Имам уште две години од договорот. Ќе се борам за место во тимот ” – изјави 31-годишниот голман кој во 2014 година го напушти Леванте и се пресели во редовите на европскиот клупски шампион.