Голманот на ПСЖ, Кејлор Навас зборуваше за својата иднина во клубот одговарајќи на најавите дека сака да си замине.
„Имам уште две години од мојот договор со ПСЖ и секако планирам да останам“, изјави Навас во интервју за Prime Video.
Во сезоната 2021/22, Навас запиша 26 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања. Неговиот договор со францускиот клуб е до 30 јуни 2024.