Натпреварот помеѓу Базел и Фиорентина понуди многу возбудувања, како на теренот, така и на трибините. Во продолжението од мечот дојде до прилично опасна ситуација во секторот кај гостинските навивачи. Еден гостински навивач доживеа срцев удар на трибината на стадионот каде беа навивачите на Фиорентина.
Резервните играчи на Фиорентина веднаш реагираа и истрчаа да повикаат лекар. Судијата го прекина натпреварот за медицинските лица да му ја пружат потребната помош на навивачот, а целиот стадион замолкна.
Сепак, болничарите успеаја навреме да интервенираат и по десет минути пауза, официјалниот спикер на стадионот објави дека 53-годишниот навивач на Фиорентина е пренесен во болница и е во стабилна состојба. Тогаш целиот стадион со аплауз му даде поддрѓка, а натпреварот продолжи.
Италијанците до победата стигнаа во самиот финиш на продолженијата постигнувајќи го победничкиот гол за 3:1 преку Антонин Барак со кој гол се пласираа во финалето на Конференциската лига.