Денеска во 19:47 часот симболично започна акцијата за продажба на членските карти за натпреварите на Вардар во новата сезона.
Билетите се по цена од 1.000 денари и може да се купат преку продажната мрежа на „МК-тикетс“ и повеќе продажни места.
„Црвено-црните“ по две сезони се вратија во прволигашкото друштво со голема помош на популарните фанови – „комити“ кои се иницијатори на акцијата за сезонски билет.