Навивачите на Манчестер Сити започнаа петиција за да го убедат раководството на англискиот шампион да изгради статуа на поранешниот капитен Винсент Компани.
Белгијскиот фудбалер официјално го напушта тимот за да направат нов чекор во својата кариера. Компани се враќа во својот поранешен клуб Андерлехт, каде што ќе биде тренер. Тој играше 11 години во тимот на „Граѓаните” во кој успеа да освои десет трофеи.
Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Најџел де Јонг, исто така, го повика раководството на Манчестер Сити преку социјалноте мрежи да постават статуа на Винсент Компани пред стадионот „Етихад”.

