Манчестер Јунајтед загуби изненадувачки 0:2 на домашен терен против Барнли во 24-то коло од Премиер лигата.
Поразот е втор по ред на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата, откако во неделата загубија на дербито против Ливерпул со истиот резултат. Крис Вуд и Родригез постигнаа голови за тимот на Барнли, кој се искачи на 13-то место со 30 поени.
Поразот го остави Манчестер Јунајтед на петтата позиција, но секако го оддалечи од битката за влез во Топ 4 и учество во ЛШ. Екипата на Оле Гунар Солскјер е со 6 бода зад четвртиот Челзи. Уште еден неуспех на Манчестер Јунајтед ги налути навивачите на тимот, кои извикуваа пораки против американските сопственици на клубот.
Непосредно пред крајот на средбата, голем број на навивачи започнаа да ги напуштаат трибините на „Олд Трафорд“, што ретко се случува на овој стадион.