Навивачите на Валенсија не престануваат со протестите против сопственикот на клубот. Фановите на тимот од „Местаља“ се обидуваат да го урнат раководството на чело со сингапурскиот бизнисмен Питер Лим.
Пред мечот со Атлетик во кој Валенсија беше повторно поразена со 2:1, илјадници навивачи одржаа голем протест во близина на стадионот. Тие извикуваа: „Лим, оди си дома“, а истата порака беше на бројни транспаренти кои ги носеа со себе.
Лим стана сопственик на Валенсија во 2014 година. Оттогаш, клубот од стабилен учесник во европските натпреварувања стана аутсајдер во Ла Лига. Сега тимот е на 18. место, па Валенсија веќе може да се најде и на местата кои водат во втората лига.
Во градот во моментов нема поомразен човек од Питер Лим.

