Кошаркарите на Орландо го победија Мајами со 116:97 во еден од поинтересните натпревари на вториот ден од новата сезона во НБА лигата. Орландо го предводеше Паоло Банкеро со 33 поени и 11 скока, а Франц Вагнер додаде 23 поени. Во тимот на Мајами најефикасни беа Тери Розиер со 19 поени и српскиот кошаркар Никола Јовиќ со 15 поени со пет скока.
За време на полувремето, Мајами го претстави „Теренот Пет Рајли“ пред 20.000 гледачи во чест на поранешниот тренер, а присуствуваа и бројни играчи, меѓу кои и Двејн Вејд, Горан Драгиќ и Џамал Мешбурн.
Кошаркарите на Атланта го победија Бруклин со 120:116. „Јастребите“ ги предводеа Треј Јанг со 30 поени, 12 асистенции и пет скока и Онека Оконгва со 28 поени и 8 скока.
Милвоки ја победи Филаделфија со 124:109. Бакс ги предводеше Демијан Лилард со 30 поени, девет скока и шест асистенции, а Јанис Адетокунбо имаше скор од 25 поени, 14 скока и седум асистенции. Во тимот на Филаделфија, во кој ги немаше Џоел Ембиид и Пол Џорџ, најефикасен беше Тајрис Макси со 25 поени.
Кошаркарите на Феникс по продолжение го победија Лос Анџелес Клиперс со 116:113.
Останати натпревари:
Детроит – Индијана 109-115
Торонто – Кливленд 106-136
Хјустон – Шарлот 105-110
Њу Орлеанс – Чикаго 123-111
Јута – Мемфис 124-126
Портланд – Голден Стејт 104-139