Играчот од средниот ред на Лестер, Вилфред Ндиди потпиша нов долгорочен договор со клубот. Договорот на 21-годишниот фудбалер е до крајот на сезоната 2023-2024.
Ндиди беше дел од репрезентацијата на Нигерија и на СП во Русија, но не одигра ниту еден од трите натпревари колку што ги имаа Нигеријците на шампионатот. Играчот од средниот ред им се приклучи на “лисиците” од белгискиот Генк во јануари 2017 година.
„Уживам во секој момент од времето во клубот, и среќен сум што потпишав нов договор“, изјавил Ндиди за официјалната веб-страница на Лестер.