Фудбалскиот состав на Рома доцна синоќа потврди дека состојбата на Еван Ндика е добра и дека започнал процес на закрепнување.
„Првото и второто ниво на кардиолошки прегледи не открија кардиолошка патологија. Нови прегледи ќе се вршат во Рим“, се вели во соопштението на италијанскиот тим.
Ндика е 24-годишен репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска кој минатото лето дојде во Рома од германски Ајнтрахт Франкфурт. Тој во сезонава забележа 27 настапи и две асистенции.

