Дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити привлекува најголемо внимание во четвртфиналето во Лигата на фудбалските шампиони. Најтрофејниот состав во елитата на Европа ќе биде домаќин на 10 април додека актуелниот бранител на пехарот ќе ја има предноста на домашен терен на реваншот во Англија. Во другите пресметки ќе играат: Арсенал-Баерн Минхен, Атлетико Мадрид-Борусија Дортмунд и ПСЖ-Барселона.
Веднаш се формираа и комбинациите за полу-финалето. Победникот од двомечот меѓу „кралевите“ и „граѓаните“ ќе вкрсти со севкупниот победник од натпреварите меѓу „топчиите“ и Баварците. Вториот пар во последниот елиминациски филтер ќе го состават победниците од пресметките меѓу шпанскиот состав и „милионерите“ од Германија и ПСЖ со Барселона.
![](https://sportskoradio903.com.mk/new/wp-content/uploads/2024/03/kjBP6C2O.jpg)
Четвртфиналните мечеви ќе бидат на 9 и 10 април и реваншите 16 и 17 април. Полуфиналето ќе биде на 30 април и 1мај и возвратните мечеви на 7/8 мај. Големото финале на „Вембли“ е закажано за 1 јуни.