Проблемите за Монако не се завршени. Тимот е во серија од 14 натпревари без победа и се најде во зоната за испаѓање во „Лига 1“, а едно од летните засилувања – Александар Головин, доби нова повреда.
Рускиот репрезентативец има повреда на зглобот и затоа тој е надвор од комбинација за натпреварот во Лигата на шампионите против Бриж. Се очекува играчот од средниот ред да се врати во игра по две недели.
Головин беше повреден во август, кратко време по трансферот од ЦСКА (Москва) за 30 милиони евра. Досега учествувал во 7 натпревари во шапионатот на Франција и има 1 асистенција и 2 жолти картони.
Во исто време тренерот на Монако Тиери Анри верува дека е дојдено време екипата да почне да излегува од кризата и гледа одлична шанса за ова да се случи уште против Бриж.
„Пред дуелот со Ремс имав причина да се надевам дека работите веќе се подобри, но одигравме многу слаб натпревар и повторно изгубивме. Работиме со сите сили и сум убеден дека наскоро резултатите ќе дојдат. Една победа во Лигата на шампионите би ни ја подигнала самодовербата, што ни е многу потребно”, изјави поранешниот француски репрезентативец.

