Ракометарите на Вардар на 6 април во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе ги одмерат силите со Војводина во првиот меч од четврфиналната фаза во СЕХА Лигата. Тренерот на „црвено-црните“, Владо Недановски, не размисува со кој состав ќе дојдат гостите.
„Војводина доминира во српското првенство и игра во полуфиналето на европските купови. Играат брз ракомет, со трчање, модерен. Имаат добра и цврста одбрана. Не ни значи дали играме прво дома па во гости“ – вели Недановски.
„Имаме неколку повредени играчи, ќе се обидеме да собереме сили бидејќи доаѓа период на згуснат распоред. Имаме натпревари и во првенството, купот и СЕХА лигата. Тешко е да издржи ритамот на 3 меча за 6 денови“ – вели Недановски.
Билетите се пуштени во продажба на www. mktickets.mk а ќе може да се купат и пред самиот натпревар на билетарницата пред салата.