Тренерот на ракометарите на Вардар, Владо Недановски, пред дербито со Пелистер во домашниот шампионат, вели дека очекува голема поддршка од трибините во СЦ Јане Сандански.
„Секогаш имаме интересни мечеви со Пелистер, се надевам дека ќе има голем број на навивачи. Неколку денови се подготвуваме и анализираме. Имаме неколку повредени играчи и не сме сигурни дали ќе може да се појават на теренот“ – вели Недановски.
„ Задоволен сум од сите што дојдоа во текот на летото, направивме квалитетен тим со добри ракометари на сите позиции. Во новата сезона се освен титула ќе биде неуспех за Вардар“ – потенцираше Недановски.

