Потпретседателот на фудбалскиот состав Јувентус, Павел Недвед, не крие дека е задоволен од последните настапи на тимот во Серија „А“.
„Игравме добро и не примивме гол. Има многу играчи кои се надвор поради повреда. Сепак, тие што добија шанса добро се прилагодија“ – вели Недвед.
„Младите добија извонредна шанса. Добрата вест е што најдовме играчи кои можат да ни помогнат дури и по враќањето на Погба, Ди Марија, Киеза и Паредес“ –потенцира Недвед.