Европската куќа на фудбалот издаде соопштение во кое се вели дека го обвинува Неимар за – „навредливи дејства против официјалните лица”.
Како што е познато, фудбалерот од Бразил објави пост на Инстаграм насочен против судиите на мечот меѓу неговиот ПСЖ и Манчестер Јунајтед кој заврши со победа на Англичаните од 3:1 и елиминација на Французите од Лигата на шампионите. Играчот на „светците“ веднаш по средбата во Париз упати вулгарности кон судиите поради досудениот пенал во дополнителното време откако беше искористена и ВАР-техологиката. „
Тоа е срам, оставија 4-ца луѓе што не разбираат ништо од фудбалот да ги гледаат снимките на ВАР. Нема пенал“ – напиша меѓу другото Неимар кој сега може да заработи казна од УЕФА.