Францускиот напаѓач Оливие Жиру е неизвесен за настап на стартот на Светското првенство во Русија.
Тој доби непријатна повреда на главата за време на контролата против САД (1:1), меч кој се играше синоќа. Жиру се повреди по судирот со Метју Миазга. Фудбалерот на Челзи мораше да биде принудно заменет, а имаше повреда на аркадата и мораше да биде преврзана неговата глава.
Сè уште е нејасно колку е сериозна повредата на Жиру, но таа фрла сомнеж врз неговото учество на првиот натпреват кој треба да го играат на Светското првенство. На првата средба избраниците на Дидие Дешамп ќе се соочат со Австралија на 16-ти јуни.