Иднината на Каи Хавертц во Баер (Леверкузен) останува неизвесна, откако 21-годишниот фудбалер стана едно од најчесто споменуваните имиња за трансфер во врвен клуб, објави извршниот директор на германскиот клуб – Фернандо Каро.
„За оваа ситуација треба да најдеме решение што го задоволува и играчот и нас. Во моментот, сепак, немаме нешто такво и не знаеме што ќе се случи”, рече Каро.
„Знам дека многу клубови се заинтересирани за Каи Хавертц. Тој е со нас 10 години и ја разбирам неговата желба да го направи следниот чекор во неговата кариера“, додаде тој.
Медиумите ширум Европа шпекулираат дека Хавертц ќе чини околу 100 милиони евра за неговиот иден купувач. Главни кандидати во моментов се Реал Мадрид, Челзи, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.